Skip to main content

Прегазен 21-годишник во Гостивар

архива

Тешко повреден е 21-годишен гостиварец во кого вчеравечер налета постар возач.

Како што соопшти СВР Тетово, вчеравечер во 20:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на бул.„Браќа Гиноски“ во Гостивар, патничко возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(69) од с.Неготино, гостиварско удрило во пешакот А.З.(21) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 21-годишниот пешак, констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Поврзани вести