Skip to main content

Гори во Долнени и Кичево, ЦУК со најнови информации за пожарите

До 13 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде е зафатена нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде гори сува трева.

Под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци, во атарот на селото Долна Бошава, каде била зафатена ниска вегетација.

Во меѓувреме, пожарникарите успеале целосно да изгаснат два пожара. Едниот бил во општина Желино, кај селото Дебарце, каде горела ниска вегетација, а другиот во општина Гостивар, кај селото Горна Бањица, во кругот на фабриката САЕМ, каде биле зафатени сува трева и дрвени отпадоци.

Поврзани вести