
Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања, се наведува во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ, ниту еден од овие луѓе не е виновен.
Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје. Прво беа труени граѓаните. Сега цената ја плаќаат и приватните бизниси – пекари, угостители, трговци, кои ниту ја загадија водата, ниту ја прикрија информацијата. Ова е истиот модел како и кај цените. Месеци наназад СДСМ бараше мерки за да се ублажи ударот од поскапувањето на нафтените деривати. Мицкоски и неговата влада немаа капацитет да ги воведат. Резултатот? Секојдневни поскапувања што ги плаќаат граѓаните. Сега, повторно поради грешки на институциите под команда на Мицкоски, граѓаните беа отруени, а приватниците ќе ја почувствуваат последицата на сопствена кожа. Нема крај на рушењето на државата. Економски колапс. Изолација. Загадена вода. Загрозена храна. Уништени бизниси. Сè за две години владеење на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ.

Македонски


