
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај.
За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен.

Оттаму велат дека пожарникарите и тимовите на ДЗС координирано работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон околните населени места.


Македонски


