
Во Битола се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година.
На работилницата учествуваа претставници на општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор.
Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет да напредува во сите областа, вклучително и туризмот, кој пак ја афирмира нашата Општина, но во исто време има свое влијание и врз подобрувањето на економската слика. Ние големо внимание посветуваме на патната инфраструктура, многу важна и за туристите, а изградбата на автопатот од Прилеп кон Битола ќе има сериозно позитивно влијание врз подобрување на туристичката слика за нашиот град – истакна градоначалникот Тони Коњановски.
Учесниците на работилницата беа запознати со истражување за туристичката побарувачка, пазари и трендови, туристичката понуда, економските ефекти и организација и менаџмент со туризмот.

Македонски


