
Промоцијата на книгата „Собрани остатоци од светот“ од Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе се одржи денес на 21.7.2026 г. со почеток во 20ч. во Народниот театар во Гевгелија во рамки на „Гевгелиско културно лето 2026“.
Разговорот со Пепи Стамков за книгата ќе го води Драгана Евтимова, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија во 2025 година.

Македонски


