
Вечерва На 19 ноември (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Котур во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Иста песна пеан!!!“ од Васко Атанасоски.
Книгата е збирка текстови од речиси три децении музичко творештво на Васко Атанасоски. Книгата ги обединува стиховите создадени низ неговото делување во составите Бумбикс…, ТК.СК., Bernays Propaganda, ХАХАХА, FxPxOx, Мy Tear, 21 Век и неговото самостојно творештво.
Вечерта ќе биде проследена со музичка селекција на Марсо.
Мртов коњ, АШ и Котур ги покануваат сите љубители на музиката, литературата и независната култура заедно да го одбележат објавувањето на ова издание.

Македонски




