Skip to main content

Промоција на „Еднореченични“ на Виолета Танчева-Златева

Kнигата „Еднореченични“ од Виолета Танчева-Златева, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар – Скопје. Делото ќе го промовира проф. Лидија Капушевска-Дракулевска, а со авторката ќе разговараат писателките Лидија Димковска и Милена Сиљаноска. Дел од расказите ќе ни прочитаат Ангела Бошкоска, Пепи Стамков, Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски.

„Еднореченични“ е во издание на „Паблишер“, поддржана од Министерството за култура и туризам. Станува збор за седмата прозна книга на Танчева-Златева, која е и поетеса, преведувачка и лекторка.

Според промоторката Лидија Капушевска-Дракулевска, книгата е илустративна за макотрпниот копнеж на еден творец по совршена форма и за потрагата по нови изразни можности. Лидија Димковска, пак, овие еднореченични раскази ги нарече луцидни и длабоки, богати со автентични ликови, теми, чувства и размисли, кои се читаат за миг, а траат вечно.

Поврзани вести