Skip to main content

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Бројот на загинати во двата земјотреса што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела се искачи на 5.069, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопштија властите.

Според податоците што на Телеграм ги објави претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез, во земјотресите се повредени 16.740 луѓе, додека 6.462 лица биле спасени.

Властите наведуваат дека 17.907 луѓе останале без своите домови, а 21.235 лица се сместени во 107 привремени кампови.

Во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 целосно се урнале. Во санирањето на последиците учествуваат повеќе од 65.000 луѓе, меѓу кои странски спасувачи, припадници на државните служби и волонтери.

Венецуела на 24 јуни ја погодија два земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди. По катастрофата, властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница испрати спасувачка и хуманитарна помош.

Поврзани вести