Skip to main content

Мултимедијална изложба „Трага во времето“ за десетгодишниот пат на Националниот џез оркестар во Музеј на град Скопје

На 14 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје во рамки на Скопско лето ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“, која се реализира во рамките на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.

Влезот е слободен.

Поврзани вести