Skip to main content
P56x-TKcgqk

Во Пробиштипскиот регион изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е пријавен вчера во 11 часот во атарот на село Неокази, каде што горела нива со жито. Но, поради сувата трева и ветерот многу брзо се проширил и зафатил површина на три села.

„Има голема материјална штета која сè уште не е утврдена. Изгореа земјоделски површини, житни површини, овоштарници, лозја. За жал, во село Бучиште има настрадано и куќа, значи станбен објект, и некои други инфраструктурни инсталации, бандери, огради, струјни водови, водоводни водови, и, за жал, и неколку пчеларници…“, вели Терзиќ.

Општината од понеделник ќе се ангажира во делот на прогласување на елементарна непогода по што граѓаните ќе може да ги пријават штетите.

Во гаснењето на овој пожар учествуваа и ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Штип, како и доброволните друштва од Кочани, Пробиштип и Виница и месното население.

Поврзани вести