Skip to main content

Со стап истепано деветгодишно дете од неколку малолетници

Magnific

Деветгодишно дете е тешкот повредено откако вчера било нападнато и тепано од неколку малолетници.

Како што соопшти СВР Тетово, ноќва во 00:05 часот А.Н.(39) од Тетово пријавил дека на 12.10.2026 околу 19:00 часот на спортско игралиште од тетовско средно училиште, неговиот деветгодишен син бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што еден од нив употребил и дрвен предмет.

На малолетникот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Поврзани вести