Skip to main content

Млада дебранка лажно пријавила кражба на накит вреден 3.000 евра

илустрација/Magnific

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

На 15.09.2026 во ОВР Дебар, Е.К. пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3000 евра. По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека Е.К. лажно пријавила кривично дело, соопшти МВР.

Поврзани вести