Skip to main content

Обвинителството бара притвор за Ива Михајлова

скриншот

Откако Ива Михајлова не била пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската за редовно јавување во полиција, Основното јавно обвинителство Кочани поднело предлог за определување притвор за обвинетата. За случајот, обвинителството било известено утринава од Основниот суд Кочани.

Оттаму посочуваат дека судот може да постапува и по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител.

Во октомври 2025 година, во рамки на постапката за сообраќајната несреќа со смртни последици, на Михајлова ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош. Воедно, ѝ биле изречени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска за редовно јавување кај службено лице.

Поврзани вести