Skip to main content

Првиот човек на БЈБ вели дека работат на тоа како Ива Михајлова избегала во Бугарија

Бирото за јавна безбедност работи на утврдување на околностите под кои осомничената Ива Михаилова успеала да избега во Бугарија, како и дали некој ѝ овозможил да се најде таму. Ова го изјави директорот на БЈБ, Александар Јанев, одговарајќи на прашање поврзано со нејзиното бегство.

„Ние работиме на тоа да дознаеме кој како и што овозможил за да дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече Јанев.

Со ова, директорот на БЈБ потврди дека полицијата ги испитува околностите под кои Михаилова се нашла во Бугарија.

Јанев не соопшти дали досега се утврдени конкретни пропусти, ниту дали постојат сознанија за лица кои ѝ помогнале на Михаилова.

Поврзани вести