
На 2.7.2026 година (четврток) во 16:00 часот во Домот на културата „11 Октомври“ во населба Ченто во општина Гази Баба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на едукативен панел за родители и старатели на ученици, на тема – врсничко насилство.
Панелот е дел од активностите во рамки на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, координиран од Министерството за образование и наука, а во имплементацијата учествуваат и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, здравствени и стручни служби, училиштата, Комората на психолози и други релевантни чинители.

Македонски


