
Амбасадорот во Франција, Игор Николов, оствари работна посета на департманот Шарант.
Во градот Ангулем, амбасадорот Николов ја посети Меѓународната куќа на стрипот и сликата и Pôle Image Magelis, каде се запозна со францускиот модел за развој на креативните индустрии, анимацијата, видеоигрите и образованието во областа на визуелните уметности.

Во рамките на посетата беше одржан работен ручек со претставници на локалните и државните власти. Амбасадорот Николов оствари средби со г. Жером Сурисо, претседател на Советот на департманот Шарант, сенаторката г-ѓа Никол Бонфоа, како и со други претставници на локалните институции. Разговорите беа посветени на економската атрактивност на регионот, меѓународната економска соработка и значењето на секторот за коњак и неговите пазари.

Попладневниот дел од програмата беше посветен на секторот за коњак, со посета на куќите Hennessy и Martell и средба со претставници на индустријата. Беа разгледани глобалните пазари, развојните перспективи и можностите за натамошно унапредување на економската соработка.

Посетата ја потврди важноста на продлабочувањето на партнерствата меѓу двете земји преку поврзување на институциите, стопанството и креативните индустрии.



Македонски



