
Бевме сведоци на прекрасен концерт на QUATUOR LUMOS, одржан во градината на Амбасадата во Париз, во прекрасна атмосфера исполнета со музика, пријателство и култура, соопштија од македонската амбасада во Франција на социјалните медиуми.

Четворицата извонредни музичари – Љубица Делева Поповска, Ѓорѓина Ивановска, Александар Лаовски и Љупка Каевиќ – приредија вистинско музичко патување кое ги поврза големите европски класици со богатството на македонската музичка традиција.

Звуците на „Брала мома“ и „Ја излези“, како и современите музички интерпретации на македонското фолклорно наследство, донесоа дел од македонската уметност во Париз и уште еднаш покажаа дека музиката е еден од најубавите јазици на пријателството меѓу народите.

Концертот беше дел од проектот „Амбасада – пријател на културите“ и активностите на Клубот на пријатели на Амбасадата, преку кои продолжуваме да ги отвораме вратите на Амбасадата за уметниците и талентите од нашата земја и да создаваме нови мостови меѓу македонската и француската култура.

Голема благодарност до QUATUOR LUMOS за прекрасната вечер, до сите наши гости и пријатели кои беа со нас, како и до Министерството за култура и туризам за поддршката.

Уште една вечер во која Париз ја слушаше нашата култура и уметност













Македонски


