
Поранешниот израелски министер за одбрана Гади Ајзенкот се појавува како главен ривал на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку месеци пред парламентарните избори во земјата, јави ДПА.
Новата центристичка партија на Ајзенкот, „Јашар!“ („Право!“ на хебрејски јазик), брзо добива на популарност во анкетите на јавното мислење и во моментов е второрангирана партија зад десничарската „Ликуд“ на Нетанјаху.
Израелците мора да изберат нов парламент најдоцна до 27 октомври, иако гласањето најверојатно ќе се одржи на 20 октомври.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека е можно и на Нетанјаху и на опозицијата да им биде тешко да обезбедат мнозинство.
Израелските коалиции обично се составени од неколку партии, потсетува германската агенција.
Ајзенкот (66) беше министер за одбрана од 2015 до 2019 година, а потоа влезе во политиката. Студирал политички науки во Хаифа и се смета за експерт за либанската милиција Хезболах. Тој е син на марокански евреи, а е роден во Тиверија, во северен Израел. Татко е на 5 деца.
Синот на Ајзенкот и двајца негови внуци беа убиени во војната во Газа, па сега многу Израелци сочувствуваат со неговите загуби, што е спротивно на искуството на Нетанјаху, кому синот Јаир му живее во странство откако започна војната во октомври 2023 година и не служел во борбена единица, потсетува ДПА.

Македонски



