Skip to main content

Израелската армија уништи тунел на Хамас долг 1,5 километри во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија денеска дека нивните воени инженери неодамна уништиле тунел долг 1,5 километри во северниот дел на Појасот Газа.

Уништувањето на подземниот објект е дел од континуираните операции на израелските сили за отстранување на инфраструктурата на палестинската милитантна група Хамас од делот на Појасот Газа што е под нивна контрола, наведува порталот „Тајмс оф Израел“.

„Силите на Северната бригада, под команда на 99. дивизија, заедно со инженерските единици на Јужната команда, продолжуваат со операциите за отстранување на терористичката инфраструктура во северниот дел на Појасот Газа, источно од ’жолтата линија‘“, соопштија од ИДФ на платформата Икс.

Од ИДФ истакнаа дека нивните припадници под команда на Јужната команда се распоредени во областа во согласност со одредбите од договорот за прекин на огнот и дека ќе продолжат да дејствуваат за неутрализирање на секоја непосредна закана.

Поврзани вести