
Српската полиција денеска го уапсила Никола Меденица, осомничен за денешниот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на донедоамнешниот претседател Александар Вучиќ и носител на листата на владејачката Српска народна партија (СНС) на предвремените парламентарни избори кои денеска се одржуваат во Србија.
Како што беше објавено претходно денеска, осумдесетгодишната Ангелина Вучиќ била нападната претпладнево, откако била на гласање.
Осомничениот е задржан поради сомнение за кривично дело разбојништво. Како што пренесува портаплот на српскиот весник Блиц, нападот се случил претпладне во непосредна близина на пазарот Калениќ, по што полицијата го уапсила осомничениот.
Од надлежното обвинителство за весникот изјавиле соопштиле дека е одредено задржување од 48 часа.
Дежурниот обвинител одреди задржување во траење од 48 часа за М. Н. (1998), поради постоење сомнение дека сторил кривично дело разбојништво од член 206 од Кривичниот законик. Во наведениот рок осомничениот ќе биде сослушан, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување“, соопштиле од Обвинителството.
СНС остро го осуди нападот врз Ангелина Вучиќ, поранешна вработена во српскиот јавен радиодифузер.
Српската напредна партија (СНС) најостро го осуди физичкиот и вербалниот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, кој денеска се случил во непосредна близина на пазарот Калениќ во Белград.
Група помлади мажи, со политичка ориентација блиска до блокадерите, ја туркале Ангелина Вучиќ, ѝ викале и ѝ ги искинале кесите со намирници што ги носела од пазарот. Ваквото однесување претставува недозволив чин на агресија, понижување и заплашување, кој заслужува најостра осуда“, се наведува во соопштението на СНС.

Македонски

