
И во Македонија денес се гласа. Правото на глас го остваруваат бугарските и српските државјани за изборите во нивните држави.
Според податоците од Републичката изборна комисија за гласање на парламентарните избори во Србија се пријавиле 1.438 граѓани.
Од друга страна, само 265 бугарски државјани се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во оваа држава иако се отворени седум гласачки места во Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Охрид. Ова е речиси двојно помал број од пријавените гласачи на парламентарните избори во април.
Камерите на „Сител“ и „Телма“ денеска пред амбасадата на Србија затекнаа доста граѓани и голем интерес за да се оствари гласачкото право. Пред амбасадата на Бугарија, пак, речиси и да немало раздвиженост.

Македонски

