Skip to main content

Ова се десетте најголеми земјотреси во историјата

 Во 21 век во светот регистрирани се 14 големи земјотреси со интензитет од седум до 7,9 степени според Рихтеровата скала. Големите земјотреси, според геолозите, годишно се случуваат 18 пати. Само денеска се забележани два земјотреса во Венецуела со интензитет од 7,1 и 7,5 степени според Рихтер, а  Јапонија беше погодена од земјотрес со магнитуда од 7,2 степени.

На 26 јануари 2001 година индиската сојузната држава Гуџарат беше погодена земјотрес со магнитуда од 7,7 степени, при што загинаа 20.085 лица.

На 25 март 2002 година планинскиот масив Хинду Куш во делот на Авганистан беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,4 степени, при што загинаа околу 2.000 лица.

PrintskrinX

На 8 октомври 2005 година во Кашмир беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтер. Земјотресот предизвика штети и жртви и во Индија и во Пакистан, вкупно – 87.351.

На 12 мај 2008 година во кинеската провинција Сечуан регистриран е земјотрес со интензитет од 7,9 степени, при што усмрти 87.587 луѓе.

На 30 септември 2009 година индонезискиот остров Суматра беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,6 степени, при што загинаа 1.115 луѓе.

На 12 јануари 2010 година на Хаити е регистриран земјотрес од седум степени, при што загинаа околу 160.000 луѓе. Карипската држава и на 14 август 2021 година беше погодена од силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени, при што загинаа 2.248 луѓе.

На 25 април 2015 година Непал беше погоден од два земјотреса со интензитет од 7,8 односно 7,9 степени според Рихтер, при што загинаа 8.964 лица.

На 28 септември 2018 година на индонезискиот остров Сулавеси се регистрирани два земјотреса од 7,5 и 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресите усмртија над 4.300 луѓе.

На 28 март 2025 година во Мјанмар беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,7, додека во Тајланд магнитудата изнесуваше 7,9 степени. Во земјотресот загинаа вкупно 5.456 луѓе.

На 8 јуни 2026 година на филипинскиот остров Минданао регистриран е земјотрес со магнитуда од 7,8 степени, при што загинаа 15 луѓе.

Според Рихтеровата скала земјотресите со интензитет над осум степени се катастрофални, а над 10 степени е епски земјотрес и досега не е регистриран таков

Поврзани вести