
Негативната серија на македонската женска одбојкарска репрезентација во Европската лига продолжи и во четвртиот натпревар, кој вечерва со максимални со 0:3 во сетови (13:25, 15:25, 18:25) го загубија од Азербејџан, на турнирот во Аликанте.
За разлика од вчерашниот дуел со домаќинот, Шпанија, на денешниот дуел македонските одбојкарки понудија посилен отпор, особено до средината на вториот и третиот сет и се надигруваа со противникот, а имаа и активен резултат. Сепак, не успеваа да го задржат високото ниво на игра и во продолжението убедливо ги губеа сетовите.
Ива Стојкоска и Андротеа Милевска со по седум поени беа најефикасни во македонските редови.
Македонската репрезентација со ова го завршува настапот на вториот турнир и се враќа дома, каде следниот викенд во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе виде домаќин на третиот турнир во годинешното издание на Европската лига.

Македонски



