
Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференицја на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт.
Но, актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско“, вели Петрушевски.
Тој истакнува дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија.
СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија.
Се додека СДС не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. Затоа политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од поголем број на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ“, вели Петрушевски.

Македонски



