Skip to main content

Во израелски напади врз југот на Либан убиен градоначалникот на Ар-Рихан

Градоначалникот на Ар-Рихан во округот Џезин на југот на Либан, Али Бади, загинал во израелски напад, пренесе либанската Национална новинска агенција (ННА).

Според наводите на либанските и регионалните медиуми, израелската војска извршила повеќе напади со дронови врз подрачја во округот Џезин, вклучувајќи ги општините Ар-Рихан и Кфар Хуна, пренесе Ал Џезира. Во еден од нападите било погодено и возило во Кфар Хуна, но засега нема официјални информации за евентуални жртви.

Пријавени се и нови израелски напади на повеќе локации на југот на Либан, вклучувајќи го градот Кјам во округот Марџајун, како и подрачјата Касиба во Набатија и Ел-Сарира во округот Џезин.

Израелската војска не ги коментираше наводите за нападите ниту загинувањето на градоначалникот. Нападите беа извршени во услови на засилени тензии долж израелско-либанската граница, каде во последните денови се интензивирани воените активности. 

Поврзани вести