Skip to main content

Ќе бидат ли мнозинство на стадионот во Торонто: Босанците максимално мобилизирани за дуелот против Канада

Facebook / bhfanatikos

Учеството на Босна и Херцеговина на Светското првенство во САД, Мексико и Канада предизвика вистинска еуфорија меѓу боснаските навивачи коишто во голем борј отпатуваа на американскиот континет, но и меѓу луѓето со босанско отекло што живеаат во Cеверна Америка.

Возбудата е таква што информациите што доааѓаат од Канада велат дека е сосема можно босанските навивачи да биат мнозинство на стадионот во Торонто каде што БиХ игра против домаќинот Канада.

Со цел натпреварот да помине во најдобар ред, но и да има што подобра орагнизираност набосанските навивачи, од навивачката група „Бхфанатикос“ објавија писмо до сите навивачи на Босна и Херцеговина како да се однесуваат за во целост да може д ауживаат во навивачката атмосфера од овој натпревар.

Драги пријатели, сограѓани и навивачи на Босна и Херцеговина ширум светот, долгоочекуваното Светско првенство ни тропа на вратата. За неколку дена ќе се видиме на другата страна од светот за да можеме сите да му пружиме максимална поддршка на нашиот единствен на неговото патување низ турнирот.

Сè уште носени од спомените од пред 12 години во Бразил и нашето прво појавување на светската сцена, можеме да им гарантираме на сите патници незаборавно искуство и фудбалски одмор, сето тоа како дел од нашите златни лилјани.
Со ова апелираме до сите присутни навивачи во Торонто, Лос Анџелес и Сиетл да ни се придружат за да можеме заеднички да организираме спектакл каков што светот никогаш не видел во оваа форма. Планирана е заедничка поворка до стадионот за сите 3 натпревари, која ќе ја предводи нашата група, БХФ, а сите други навивачи се повеќе од добредојдени да ни се придружат.

За да ги направиме нашите трибини што е можно поедноставни на денот на натпреварот, со ова ги покануваме сите навивачи на Босна и Херцеговина да се облечат во СИНО! Исто така, секој што сака, ќе има можност на денот на натпреварот да купи маица и шал од Бфанатикос, наменети за денот на натпреварот и трибините.

Исто така, сакаме да ја искористиме оваа можност да ве потсетиме дека, како и сите ние, мора да се придржувате до одредени правила. Поворката и навивањето ги предводат момците задолжени за нашата група, и со ова ве молиме да се придржувате и да ги почитувате нивните правила. Исто така, како најголема и најорганизирана група, си даваме право да ги предводиме трибините и нивното навивање. Никој не е принуден да оди и да навива со нас, а оној што ќе одлучи да го стори тоа, се замолува да се придржува до нашите правила.

По Сент Луис и атмосферата која, со должно почитување на исклучоците, не беше на нивото што сите го посакуваме и го знаеме, се чувствуваме уште поодговорни да му го покажеме на светот најдоброто лице на нашата група, на нашите навивачи и, секако, на Босна и Херцеговина.

Затоа, да ги подготвиме нашите раце и дланки, шалови и лилјани, да го повториме навивачкиот „материјал“ и да бидеме 12-тиот играч на нашата репрезентација во подвигот кон историскиот успех.

НАПРЕД, БОСНА, ЉУБОВ МОЈА!“, се вели во писмото од „Бхфанатикос“.

Поврзани вести