Skip to main content

ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче за изборите во Брвеница на 18 октомври

МИА

Изборните подготовки за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница влегуваат во завршна фаза. Државната изборна комисија (ДИК) на 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за изборите закажани за 18 октомври 2026 година.

Од ДИК информираат дека оваа точка од дневниот ред била разгледана на затворена седница, без присуство на јавноста, објави 4news.mk Постапката е спроведена согласно Деловникот и Изборниот законик, со цел да се зачува доверливоста на изборниот материјал и да се заштити интегритетот на изборниот процес, вклучително и преку утврдување на видливите и невидливите безбедносни елементи на гласачкото ливче.

Од Комисијата посочуваат дека при утврдувањето на содржината биле почитувани законските одредби за употребата на јазиците и писмата. Гласачкото ливче ќе биде отпечатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во општината, согласно законските услови, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите.

Редоследот на кандидатите и нивните подносители ќе биде определен според единствената утврдена листа на кандидати.

Поврзани вести