
На крводарителската акција што се одржа во просториите на Националната установа Центар за култура Крива Паланка собрани се 101 единица крв. Организатор е Црвен крст на Македонија, општинска организација Крива Паланка во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Ова е осма акција годинава од вкупно планираните 15, а е една од најуспешните, со собрани вкупно 101 единица крв, што уште еднаш ја покажа хуманоста на паланчани, кои иако времето беше навистина топло, сепак во огромен број се одзваа и даруваа од драгоцената течност, информира Маја Илиевска, секретар на ОО Црвен крст Крива Паланка.

Денешната акција се реализираше во соработка со НУЦК Крива Паланка, додека наредната е закажана за 23 јуни во општинската сала на локалната самоуправа на Општина Ранковце.
До крајот на 2026 година, согласно годишниот план за крводарување, ќе се одржат уште седум акции.

Македонски



