
Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност.
Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф.д-р Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја важноста на музичката уметност, образованието и негувањето на културните вредности.
Концертот ќе се одржи на 1.6.2026год. во салата на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, со почеток во 20:00 часот, каде публиката ќе има можност да ужива во внимателно подготвена музичка програма во изведба на младите уметници – студентите на ФМУ, кои преку својот талент, посветеност и уметнички израз го продолжуваат богатото музичко наследство на институцијата.

Македонски


