Skip to main content

Руте ги пофали Шведска, Канада, Германија, Данска и Норвешка дека само тие ја помагаат Украина

 Голем број земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно финансиски средства за поддршка на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте пред состанокот на министрите за надворешни работи во Хелсингборг, Шведска.

Руте повика на дебата за минимална поддршка за Украина.

– Поддршката не е рамномерно распределена во рамките на НАТО. Таа е концентрирана на мал број земји, меѓу кои е Шведска, која навистина е лидер во поддршката на Украина, како и други земји како Канада, Германија, Холандија, Данска и Норвешка, истакна Руте на заедничката прес-конференција шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре во Хелсингборг ќе разговараат за подготовките за Самитот во Анкара, што треба да се одржи во јули

Поврзани вести