
Започна доградбата на основното училиште „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, проект кој треба да ги подобри условите за образование и да обезбеди нови инфраструктурни капацитети за учениците.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на почетокот на градежните активности, истакна дека станува збор за уште еден проект кој бил планиран и влегува во фаза на реализација.
Тој упати благодарност до градоначалникот на Ѓорче Петров, советниците, општинската администрација, пратениците, како и до Министерството за образование и наука и членовите на Владата за, како што рече, посветената работа и поддршката во спроведувањето на проектите.

„Не е лесно да се износат сите овие проекти до фаза на реализација“, порача Мицкоски.
Премиерот изрази очекување дека доградбата наскоро ќе биде завршена, посочувајќи дека новите технички и инфраструктурни капацитети ќе претставуваат додадена вредност во образовниот процес.

„Ние како Влада продолжуваме посветено да работиме, тоа што го ветивме тоа и го исполнуваме“, изјави Мицкоски.

Македонски


