
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со две промени во составот ќе и се спротивстави денеска на Словачка во реванш бараж дуелот.
На местото на Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис во игра ќе бидат Филип Николов и Марко Стојковиќ, додека одново надвор од комбинација останаа Васил Гогов и Мартин Ивановски.
Македонскиот национален тим ќе атакува на осмо СП по ред односно вкупно десетто, а избраниците на Лазаров се на чекор до пласман откако во првиот дуел постигнаа убедлива победа на гостински терен со 31:24.
Натпреварот се игра од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонски

