
Предлог-измените на Законот за јавни набавки денеска поминаа на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложувајќи ги измените посочи дека една од позначајните измени што се предлага е усогласување на вредносните прагови коишто не се променети од 2019 година и за кои се предлага зголемување.
Во класичниот сектор прагот за стоки и услуги се зголемуваат од 1.000 на 2.000 евра, а за работи од 5.000 на 10.000 евра. Кај секторските дејности прагот за стоки и услуги се зголемува од 2.000 на 4.000 евра, а за работи од 10.000 на 20.000 евра – посочи Јанкуловски.
Воедно, се утврдува и годишен лимит за набавките под овие прагови, од 25 илјади евра кај класичниот јавен сектор и 50.000 евра кај секториските договорни органи.
Целта е да се намали административниот товар кај набавките со мала вредност без притоа да се нарушат начелата на транспретност и одговорност при користење на јавните средства – рече Јанкуловски.
Договорните органи ќе може поедноставно да набавуваат стандардизирани стоки и услуги од електронските каталози на Бирото за јавни набавки без дополнителна тендерска документација од случаите утврдени со закон.
Новина е и тоа што секој договорен орган мора да донесе интерен акт за јавните набавки, а со измените се зјакануваат и надлженостите на Бирото за јавни набавки кое ќе развива веб сервиси, дигитални алатки и решенија засновани на ВИ за автоматизирано следење и откривање на ризици.
Измени има и во делот на надоместоците за жалба, а целта е да се заштити ефективната правна заштита.

Македонски

