
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва со почеток во 19:30 часот ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Филмска, поп и современа хорска музика“.
Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции. Со овој концерт, хорот „Вардар“ ја продолжува својата мисија за негување и афирмација на хорската уметност, истовремено претставувајќи ја разновидноста и богатството на хорскиот израз.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Македонски



