
Истражувањата покажуваат дека редовното читање може да има разни придобивки за телото, од кои некои се подобро ментално функционирање и намалување на стресот и чувството на осаменост. За среќа, не е потребно да се завршат неколку поглавја секој ден, но понекогаш само неколку минути се доволни.
Книгата бара од мозокот да следи информации, да поврзува настани, да запомнува детали и да го обработува она што го чита, па затоа читањето е поврзано со зачувување на когнитивните способности.
Првите придобивки од читањето се појавуваат во детството, па научните студии покажуваат дека децата кои добро читаат не само што постигнуваат подобри резултати во областите директно поврзани со јазикот, туку можат да имаат и предност во други училишни предмети, вклучително и математика.
Само шест минути читање дневно можат да го намалат нивото на стрес за дури 68 проценти, според истражувањето спроведено во 2009 година од Mindlab International во соработка со Универзитетот во Сасекс.
Студијата, предводена од когнитивниот невропсихолог д-р Дејвид Луис, имала за цел да спореди неколку методи на релаксација. Истражувачите го следеле срцевиот ритам и мускулната напнатост на учесниците откако претходно биле изложени на стрес, а само шест минути тивко, фокусирано читање го намалиле нивото на стрес за дури 68 проценти, што се покажало како побрзо и поефикасно од другите вообичаени активности како што се: слушање музика (61 процент), пиење шолја чај или кафе (54 проценти), одење (42 проценти) играње видео игри.
Истражувањето покажува дека жанрот не е одлучувачки, односно дека е поважно содржината да успее да го привлече вашето внимание и да ви овозможи ментално да се дистанцирате од секојдневните грижи, дури и за кратко време.
Интересни се и резултатите од студијата спроведена меѓу повеќе од 10.000 тинејџери: оние кои почнале да читаат порано и ја задржале таа навика имале пониско ниво на стрес и помалку симптоми на депресија!

Македонски



