Skip to main content

Приведен 31-годишен охриѓанец по пријава дека ја нападнал девојката

Freepik

Полицијата утринава во 5:05 часот на улицата „7 Ноември“ во Охрид го привела 31-годишниот Х.К., постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата девојка, информира СВР Охрид.

Од полицијата најавиле дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека нападот се случил во автомобил и дека девојката подоцна била оставена во близина на маркет. Овие детали, како и информациите за нејзината здравствена состојба и тежината на повредите, засега немаат официјална потврда. Од Основното јавно обвинителство во Охрид било соопштено дека пријавата сè уште не им е доставена и дека ги проверуваат околностите на случајот.

Поврзани вести