Skip to main content

Четири кратки македонски играни филмови бесплатно во „Синаплекс“

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“, утре, на 16 ноември, понеделник, од 19 часот публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на Блок кратки македонски играни филмови.

Во рамки на КиноПонеделник, на големото платно следува блок од четири кратки македонски филмови:
▪︎ „Северен пол“ | Марија Апчевска
▪︎ „Проблемот на Тина“ | Радован Петровиќ
▪︎ „Вера“ | Верица Недеска
▪︎ „Избор“ | Марко Црногорски

Четири филма, четири авторски погледи и една вечер посветена на македонскиот краток филм.

Проекцијата е идеја на Агенцијата за филм на Македонија во соработка со „Синаплекс“.

Поврзани вести