
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, го објави списокот фудбалери за претстојното Светско првенство (СП2026) на кој се најде и напаѓачот Ромелу Лукаку, кој пропушти голем дел од оваа сезона во дресот на Наполи поради проблеми со повреди.
За Лукаку и неговите репрезентативни колеги, Кевин де Брујне и Тибо Куртоа, ова ќе биде четврто мундијалско учество.
Лукаку последен пат го облече белгискиот дрес во квалификацискиот натпревар против Велс во јуни минатата година, а поради повреди одигра само пет натпревари во Серија А оваа сезона.
Белгија ќе игра во Групата Г на Светското првенство, против Египет на 15 јуни, Иран на 21 јуни и Нов Зеланд на 27 јуни.

Македонски

