
Белгија ги отфрла европските планови за префрлање на замрзнатите руски средства во Киев.
Парите на Руската централна банка, имобилизираните средства, не замрзнатите средства, туку имобилизираните средства, од кои најголемиот дел се во Белгија, во клириншката куќа „Еуроклир“, ќе останат блокирани на неодредено време“, порача белгискиот премиер Барт де Вевер.
Тој нагласи оти тоа е многу важна одлука, затоа што, како што истакна, „не можете едноставно да земете нечии пари“.
Ние не сме во војна со Русија. Европа не е во војна со Русија. Не можете едноставно да конфискувате пари. Тоа е чин на војна. Ова не треба да се потценува“, истакна бегискиот премиер.
Де Вевер нагласува дека никогаш во историјата не се случило ткво нешто.
Имобилизираните пари, дури ни за време на Втората светска војна, никогаш не биле конфискувани. Тоа би бил прв таков случај во историјата и би имал сериозни последици“, објанува Де Вевер.

Македонски



