Skip to main content

Дел од програмата на ЕХО – Фестивалот на планински филм вечерва во црквата Св.Никола во Варош, Прилеп

Дел од програмата на ЕХО – Фестивалот на планински филм вечерва во 20 часот ќе биде прикажан и во црквата Св.Никола во Варош, Прилеп. „Ехо патува“ е дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“. Прилепчани ќе можат да ја проследат и да уживаат во следната филмска програма: „Патување на животoт“, Жером Танон, Франција, 44′, „Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, 38′, „Најдобриот ден досега“, Бен Најт/Берн Броуди, САД, 48′.

Покрај проекцијата на филмови, пред публиката ќе бидат претставени и нашите две последни издадени книги: „Ѕвезди и бури“ од Гастон Ребуфа (Франција) и „Ванда“ од Ана Камињска (Полска).

Поврзани вести