Skip to main content

Ѓорѓиевски: Кацаров е времено решение, следната недела ќе се избира директор

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор – водителот Миро Кацаров, кој таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор, објаснува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во најавата за „Наткаст“ на „Курир“

Ние сме демокртаско општество и треба секогаш да го земеме предвид мислењето на граѓаните. Апсолутно јас секогаш застанувам на местото на граѓаните. Кога станува збор за тоа кадровско решение, јас морам да истакнам во јавноста, лицето Миро Кацаров е вработен во таа институција со години наназад. На директорот кој претходно беше на таа позиција, му заврши мандатот и ние моравме да ставиме таму вршител на должност директор. Лице кое ќе ја извршува должноста додека да спроведеме нов оглас. Зошто? Затоа што првиот оглас пропадна таму. Ние имавме еден оглас таму кој го спроведовме, дали немаше доволно интерес во јавноста, можеби и недоволно јавен беше процесот, но доведе до тоа да пропадне огласот и не можев јас таа институција да ја оставам вработените да немаат плата, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека Миро Кацаров е времено решение, а наскоро ќе се распише нов оглас.

Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните, рече Ѓорѓиевски.

Поврзани вести