Skip to main content

Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала

Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски.

Миро кој е познато лице на нашите ТВ екрани, кој кон крајот на 2019 година беше вработен во Универзална Сала, а сега, откако беше најавено дека почнува реконструкцијата на објектот добил нова функција и унапредување.

Почетокот на изградбата на Универзалната Сала беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година. Објектот ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.

Претходно функцијата в.д. директор на Универзална Сала ја извршуваше Горјан Христовски.

Поврзани вести