Skip to main content

Нови детали за убиството во Битола, сопружниците биле разделени

Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото, соопшти предмалку МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Повеќе фото на Тера ТВ

Поврзани вести