
Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени во дом на 43-годишен жител на валандовското село Казандол, кој ги поседувал без дозвола. Тој бил приведен на 12 ноември, информираат од полицијата.
При претресот на домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Блоу“ калибар 9 милиметри и ловечка муниција.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Македонски



