
Словенечкиот репрезентативец и играч на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ се чувствува фрустрирачки дека не е во можност да им помогне на своите колеги од тимот во плеј офот (во најважниот дел од сезоната). Притоа тој откри и кога може да се очекува негово враќање на теренот, откако се повреди на 2.април во финишот од регуларниот дел од сезоната на дуелот против Оклахома Сити.
– Денот кога имав магнетна резонанца, докторот ми кажа е потребно осум недели. Работам се што е потребно и мислам дека сум на добар пат и секој ден се чувствувам се подобро. За мене е фрустрирачки што не сум на теренот и горд сум на моите соиграчи, сепак тешко е да седиш и да ги гледаш, изјави Дончиќ за медиумите во САД.
Дончиќ е надвор од теренот повеќе од еден месец, а во моментов „езерџиите“ ја играат полуфиналната серија против Оклахома Сити, актуелниот првак во НБА лигата и тимот против Словенецот се повреди.

Македонски



