Skip to main content

Леброн на 40 години ќе игра конференциско полуфинале

 Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа во третиот натпревар од четвртфинална серија во Западната конференција во НБА лигата против Хјустон. По двете победи на домашен терен, Лејкерс славеше синоќа на гостински терен по продолжение со 112-108 и поведе со 3-0 во серијата до четири победи.

Во отсуство на повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, најзаслужен за третиот триумф на Лејкерси беше ветеранот Леброн Џејмс, кој повторно блескаше, постигнувајќи 29 поени, а додаде и 13 скокови.

Во редовите на Хјустон, кој повторно беше без повредениот Кевин Дурант, најефикасен беше Алпер Шенгун со 33 поени.

Бостон со гостинска победа од 108 – 100 во третиот натпревар го врати водството во четвртфиналната серија против Филаделфија, додека со 2-1 во плејоф серијата поведе и Сан Антонио, триумфирајќи синоќа на гостински терен над Портланд со 120-108. 

Поврзани вести