Skip to main content

Николоски: Македонија инвестира над 5 милијарди евра само за коридорите 8 и 10

Министерство за транспорт

Македонија инвестира меѓу 5 и 6 милијарди евра во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што истакнува во интервју за регионалната мрежа ЕРНО, земјава ја има уникатната позиција овие коридири да се сечат токму тука и мора да ја искористи за да остане конкурентна транзитна рута.

Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад и Коридорот 10 север-југ. Ние сме единствена држава во Југоисточна Европа каде што двата паневрoпски коридори се сечат и се обидуваме да ја искористиме таа уникатна географска позиција што ја имаме и затоа правиме огромни инвестиции што се движат помеѓу 5 и 6 милијарди евра, што кога ќе го споредите со бруто-домашниот производ, се огромни инвестиции, нешто што не го прави ни една друга држава во регионот во тој обем. Затоа сме најнапред и сме пофалени и од Европската Комисија и од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој, како и останатите партнери за ова што го правиме во инфраструктурата, изјави Николоски. 

Поврзани вести