
На македонскиот пазар нема небезбедна храна за бебиња од брендот „Хип“ – соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Оттаму велат дека АХВ до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија дека во земјава е пласирана спорната кашичка од морков и компир на брендот „Хип“, која пред неколку дена од безбедносни причини беше повлечена од познат синџир супермаркети во Австрија поради наводно присуство на отров за глувци.
Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ‘Хип’ за Македонија, добивме писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ“, велат од АХВ и додаваат дека и натаму ќе ја следат состојбата и ќе реагираат доколку има потреба.

Македонски


