Skip to main content

Николоски на средба со Регионалните комори од Битола и Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска беше на средба со Регионалните комори од Битола и Прилеп.

Како што истакна Николоски, во Пелагонија се случува инфраструктурен бум.

Автопатот Прилеп – Битола ќе го завршиме пред рокот, работиме на обиколница Прилеп, но и на други крупни инфраструктурни решенија. Следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а целиот автопат да се заврши пред рокот со што ќе имаме комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола.

Како резултат на отежнатиот сообраќај на регионалниот пат воведуваме градски воз меѓу Прилеп и Битола со цел да се олесни комуникацијата меѓу општините. За таа цел работиме заедно со двете железнички претпријатија, МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт и некаде во месец Јуни најдоцна да го пуштиме новиот градски воз кој што би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени“, вели Николоски.

Тој најавува уште три проекти – еден е обиколница на градот Прилеп, со цел товарните возила да се извадат надвор од градот, вториот проект е топловодот, односно парното за градот Битола и третиот проект е гасификацијата.